Бразилецот вели дека на моменти размилсувал дали да продолжи да игра фудбал бидејќи ја загубил страста за ова игра.
Фудбалерот на ПСЖ и на бразилската репрезентација вели дека така се чувствувал поради притисокот кој го чувствувал.
– Во еден момент бев во искушение да престанам да играм фудбал и се преиспитував дали да играм бидејќи мојот стил не им се чувствуваше на луѓето. Доаѓав дома со „жешка глава“, а потоа почнав да се потсетувам како дојдов до тука. Вистинската љубов кон фудбалот ме смирува и ме враќа во реалноста – изјави Нејмар.
Бразилецот сè уште е рекордер кога станува збор за најскапиот трансфер во историјата. Нејмар во 2017 година за сума од 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ.
– Јас сум личност која лесно се носи со притисокот и затоа сум „десетка“ во бразилската репрезентација, ЃСЖ и само сум Нејмар. Благодарен сум што можам да претставувам екипи како ПСЖ и Бразил, знам дека морам да дадам 100 проценти кога ограм бидејќи тоа и се очекува од мене – додава Нејмар.