Бразилскиот напаѓач Нејмар објави на социјалните мрежи видеоснимка од „скромна вечера во кругот на семејството и неколкумина пријатели“, демантирајќи ги со тоа шпекулациите дека подготвувал новогодишна забава со 500 гости.
Светските медиуми деновиве објавија дека напаѓачот на ПСЖ ќе организира голема забава за дочек на Новата година во луксузна вила во близина на Рио Де Женеиро, што го навлече гневот на јавноста врз бразилскиот фудбалер, поради ризикот од ширење на коронавирусот.
Неколку часа пред полноќ, Нејмар објави на Инстаграм видеоснимка, покажувајќи му на светот како планира да ја дочека 2021 година.
На снимката се гледа голема трпезариска маса, прекриена со букети бело цвеќе, за околу 40 гости, со по едно празно столче меѓу секој гостин.
-Прекрасна декорација за мала, скромна семејна вечера, со почитување на растојание“, рече Нејмар со насмевка, додавајќи „Тука нема 500 луѓе, во ред“.
Neymar tem um recado: pic.twitter.com/Y6L6IYbpt5
— Mundo da Bola (@mundodabola) December 31, 2020