Големата ѕвезда на ПСЖ Нејмар уште еднаш го изрази своето незадоволство од наградите на ФИФА доделени во текот на вчерашната гала церемонија.
Роберт Левандовски од редовите на Баерн Минхен успеа да ги победи во конкуренцијата Лионел Меси и Кристијано Роналдо и така дојде до признанието најдобар светски фудбалер за 2020 година.
Пред една недела, кога стана јасно кои се тројцата претенденти за наградата најдобар фудбалер, напаѓачот на ПСЖ не можеше да поверува дека неговото име не беше меѓу нив.
Воедно на Бразилецот не му се допадна тоа што ниту еден играч од парискиот клуб не се најде во идеалниот тим на „ФИФПро“, иако неговата екипа стигна до финалето во Лигата на шампионите.
Нејмар кој беше само деветти од вкупно 11 кандидати, во коментар на „Инстаграм“ напиша: „ПСЖ игра друг спорт“.