Првиот дел од сезоната во Франција заврши, а играчите на тимовите од „Лига 1“ веќе некое време се на одмор.
Нејмар ја искористи зимската пауза и отпатува за Бразил за да ги „наполни батериите“ пред да ја продолжи сезоната.
Бразилецот исто така даде интервју за официјалната веб-страница на ФИФА, а едно од прашањата беше да избере тројца играчи кои ужива да ги гледа како играат фудбал.
Нејмар успеа да ја изненади јавноста со својот одговор бидејќи го стави и легендарниот Робињо од кого некогаш се очекуваше одлична кариера, но многумина веруваат дека тој не го искористил во целост својот талент.
– Играчи што уживам да ги гледам? Роналдињо, Робињо и Лионел Меси. Играњето со Лео беше неверојатно искуство и станавме многу добри пријатели. Од оние што сум ги видел како играат, Меси е најдобриот досега – рече Нејмар.