Единаесетгодишната Eмбла, дете со Даунов синдром, денеска, со еден ден задоцнување тргна на училиште, но сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираат наставата под изговор дека таа е агресивна кон нивните деца, објави ТВ Клан.
„Поради попречување на наставата од страна на ученичката Eмбла Адеми и поради агресивноста, донесовме одлука ние како родители, да се бојкотира наставата од страна на редовните ученици“, се наведува во петицијата што ја покренаа родителите.
Директорот на училиштето, Зијадин Нуредини, за телевизијата изјави дека се договориле со родителите на Eмбла, таа да ротира во три паралелки во текот на наставниот процес и да не остане само во една училница.
Нејзиниот татко негира дека за „ротација“ на неговата ќерка во три паралелки некогаш не бил консултиран, ниту пак бил договорен со директорот на училиштето.
– Воопшто не е вистина. Тоа беше компромис пред три-четири години, за потоа да се интегрира со другите соученици. Учеше во голема сала, а се грееше со мал радијатор. Значи, не се помиривме, но во првото полугодие се случи ова и за тоа девојче вчера не започна второто, бидејќи мислев дека ќе продолжи да оди на настава во сала – раскажува таткото на Eмбла.