Дали на вашето дете некогаш му се обраќате со зборовите: „Не ја удирај сестра ти“, „Не го влечи брат ти за коса“, „Не го допирај тоа“?

Колку и да сметате дека секогаш го правите она што е најдобро и најточно за вашето дете, тоа за жал не е секогаш така.

И колку и да мислите дека го воспитувате на најдобриот можен начин, некогаш сепак можно е да направите и некоја грешка.

На пример, токму тогаш кога му се обраќате на вашето дете, односно, во начинот на кој го правите тоа.

Дали понекогаш му велите: „не ја удирај сестра ти“, „не го влечи брати ти за коса“, „не го допирај тоа“?

Кога и да бидете во искушение да ги изговорите овие или слични реченици, важно е да се сетите дека децата едноставно не го слушаат зборот „не“.

Unsplash
Unsplash

Зборовите како што се, не фрлај, не викај, децата само ги потетуваат на видот на негативно однесување кое им е достапно да го прават во било кое време.

Сепак, доколку им дадете јасни упатства, кои не подразбираат закани или наредувања, ефектот на внимание кој се обидуваат да го добијат кај вас, односно вашата бурна реакција ќе изостане.

Со оглед на тоа дека позитивните упатства на родителите не се реакцијата која децата сакаат да ја предизвикаат со одреденото однесување, едноставно тие ќе мораат да направат поинаков избор.

Обидете се да ги замените негативните зборови со позитивни и наместо да му кажувате на детето што да „не“ прави, кажете му што да направи.