Овој Први мај место марш, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најави протест оти платите се мизерни, најниски во регионот, не се зголемуваат согласно потпишаните договори и Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку 100 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов ги повика синдикатите здружени во ССМ, нивните членови но и сите останати синдикати и поддржувачи на работничките права место на скара да излезат на протест.
„Недостоинствените услови за работа и недостоинствените плати се главниот мотив оваа година на Први мај да протестираме а не да маршираме. Има многу причини за но ниету една против излегувањето на протсет на Први мај. Денеска за жал оргомен број работници во приватниот сектор уште немаат добиено плата з амесец март. Денеска оргомен број институции во јавниот сектор немаат добиено плата за март, 2025 година. Ако тоа што ви се ниски платите, ако тоа што не добивате плата не е доволен мотив да ни се придружите на Први мај тогаш треба да знаете колку ќе дојдете и колку ќе дојдеме толку ќе добиете и толку ќе добиеме. Нѐ бројат и Владата и работодавачите. Поканата е отворена за сите кои сметаат дека треба да се придружат на овој Први мај заедно да покажеме дека минималната плата во Македонија е мизерна односн најниска во регионот. Ако во некоја држава минималната плата е на дното во регионот во Македонија минималната плата го проби и дното. Не е време за пиво и скара, време е за борба за работнички права“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.
Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом на Први мај. Трендафилов апелираше работниците да покажат единство оти живеат од плата, не од политика и масовно да излезат да го искажат незадоволството. Тој нагласи дека пет месеци нарочно не се утврдува репрезентативност на ССМ за да не се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која Владата ќе мора или да го прифати или да го одбие предлогот на ССМ минималната плата да се покачи на 500 евра.