Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и дел од коалицијата „Вреди“ се огласи за понудата од страна на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за лидерска средба, но вели дека тоа би било само губење време.

„Заинтересирани сме да се решат проблемите што ги имаме како институции, работиме неуморно, па тоа би било губење време“, рече Таравари, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој цени дека сега не е момент за лидерска, особено бидејќи институциите беспрекорно работат и за здравјето на луѓето и за третманот, но и за да се најдат виновниците на овој случај, но и на претходните слични случаи во изминатите пет години.

Филипче наскоро ќе упати и официјални покани за лидерска средба.

Текстот Не е сега момент за лидерска, тоа би било губење на време, рече Таравари е превземен од МАКФАКС.