Премиерот Зоран Заев вели дека причината која бил повлечен авансот за кинеските вакцини е тоа што не било добро пари да стојат на странска сметка. Како што вели тој, постапката е се уште во тек, договорот не е откажан. Тој додава дека прво да се заврши договорот, сите постапки, па потоа ќе ги пуштат парите за вакцините.

-Јас и денеска чекам информација од Кина, за веднаш да ја продолжиме постапката за набавка на кинеските вакцини. Не можеме да си дозволиме пари да лежат во оваа земја додека не се заврши постапкаа. Ќе чекаме прво да се заврши работата, па потоа да ги уплатиме парите. Денеска очекувам позитивен сигнал или информација од Кина за веднаш да ја почнеме таа постапка. Има и втора постапка за набавување 200.000 вакцини, а формализирани се и постапките за руската вакцина, истакна премиерот Заев.