Иако во изминатите неколку денови се шпекулира дека Масимилиано Алегри ќе се врати во Јувентус, па потоа дека Зидан ќе замине од Реал и ќе биде нов тренер на „Старата дама“. Но, последните информации велат дека она што е сигурно е тоа дека Пирло по завршвувањето на сезоната ќе добие отказ, без разлика на тоа како ќе заврши.
Весникот Кориере дело Спорт повикувајќи се на свои извори тврди дека прв кандидат и избор на сопстеникот на Јуве, Андреа Ањели е Синиша Михајловиќ, сегашниот тренер на Болоња.
