Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов неделава за бугарските медиуми изјавил дека Титова Југославија убивал и затварал луѓе во Македонија само затоа што се изјаснувале како Бугари.
Каракачанов се повикува на решението од Второто заседание на АСНОМ, оддржано од 28 до 30 декември 1944 година, кога со посебно решние се формира суд за судење на престапниците што извршиле дела против македонската национална чест.
Во решението, престапниците се нарекуваат пораженци и изроди на народот, кои од лични или други интереси соработувале со окупаторите, со што го издале својот народ и ја извалкале македонската чест.
Овој суд ги осудувал престапниците против националната чест, кои не можат да се квалификуваат како предавство, или како помагање на окупаторот против македонската национална чест.
Овие лица можеле да се осудат на лушување од националната и граѓанска чест, лесна или тешка присилна работа како и конфискување на имот.
Лишувањето од национална чест можело да биде времено или доживотно, а присилната работа најмногу можело да трае десет години.
Судот, кој броел 30 члена, и суделе во состав од по три члена, немал надлежност да изрекува смртни казни, туку таквите случаи ги испраќал на наделжен суд.
Со истото решение бил назначен и народен тужител при судовите на нардоната чест.
Во април 1945 година Народното собрание на Македонија донесува Закон за измени и дополнувања на Решението, а во јуни истата година истото решение се укинува.