Случајот со Барлет Џафери привлече внимание бидејќи е син на познат функционер, меѓутоа веднаш освен тој предмет имало и друг случај со вработена во Основниот суд во Битола, која многу брзо напредувала во својата кариера.
-Од вработен со средно образование, набрзина завршува правен факултет во Кичево, што е подружница на тој факултето во Битола, со 6,26 просек. Се запишува на втор циклус на студии, на магистарски, меѓутоа предвреме, без да помине една година се запишува да полага правосуден испит. И што беше многу интересно во овој случај, се пријавиле шест кандидати и сите го поминуваат административниот дел, овој кандидат, кандидатка односно, не беше по административната контрола и оценки не беше на некое високо место, меѓутоа со интервјуто избива на прво место, и од претседателот на судот имаше препорака дека е добар работник, а од друга страна тој ја прима на работа, вели претседателката на Антикорупцсика во интервју за Телма, Билјана Ивановска.
Ивановска вели дека полаѓањето на правосудни испити предвреме било масовна појава.
Знаете која е бројката? 449 студенти. Значи тоа е појава, тие сигурно не чекале да им дојде рокот за да полагаат правосуден испит. Претпоставувам, ама не можеме да докажеме. Дали таа квалификација од 7/1 му ја отворило вратата во Министерството за правда, за да полага правосуден, значи тоа е прашалникот кој што се појавува кај нас. Реално тој немал толку кредити, меѓутиоа со тоа 7/1 можеби тоа му ја отворило вратата во Министерството за правда, но кој може тоа да го докаже. Прво, седум години се поминати, значи делото е секако застарено, а и да не е, пак ние треба да покренеме постапка против службено лице, затоа што секој како него може да поднесе документи. Ние треба систем да градиме. Системот да ги отфрла тие што не ги исполнуваат условите, вели Ивановска.