Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно изјави дека новоизбраниот претседател Џо Бајден не е победник на претседателските избори на 3 ноември.

„Тој не победи на изборите. Тој загуби убедливо во сите шест колебливи држави. Потоа додадоа стотици илјадници гласови во секоја од нив и беа фатени”, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека републиканските политичари сега мора да се борат за да се осигура дека „нивната голема победа нема да биде украдена”.

„Не бидете слаби будали”, рече Трамп. Твитер го обележа неговиот пост како неточен.

Изборниот колеџ на 14 декември ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД.