Центарот на Минесота тимбервулфс, Карл Ентони Таунс е позитивен на коронавирус.
Таунс веќе се наоѓа во изолација во која ќе биде најмалку 14 дена.
Интересно е што на кошаркарот на Минесота веќе му починаа седум члена на семејството вклучувајќи ја и неговата мајка.
– Видов многу ковчези во овие седум месеци. Многу многу блиски заболеа од ковид-19. Сè уште сум во потрага по одговорите, се обидувам да најдам начин да го одржам во живот семејството. Сега имам голема одговорност, мора целото семејство да биде известено за се, но и да направам вистински потези кое се неопходни да преживеат – изјави Таунс неодамна.
Сега тој е позитивен на коронавирус и открива дека неговиот татко и сестра се загрижени за него поради случувањата од последните осум месеци.
– Се молам овој кошмар да прекине. Мора да се потрудиме да го запреме овој вирус. Ветувам дека нема да завршам во ковчег покрај мама и дека ќе победам – изјави Таунс.