Кошаркарите на Далас го совладаа Шарлот со 104:93 благодарение на новата одлична партија на Лука Дончиќ, како и Кристапс Порзингис кој се врати на терените во НБА лигата.

Ова беше воедно 800 јубилејна победа на тренерот Рик Карлајл во најквалитетната лига на светот.

На Дончиќ му недостасуваше еден скок да оствари нов „трипл-дабл“, Словенецот запиша 34 поени, 13 скока и девет асистенции, а додаде и рекордни четири блокади.

На својот „камбек“ летонскиот интернационалец Порзингис забележа 16 поени и четири скока, два коша повеќе имаше Тим Хардавеј јуниор.

На спротивната страна за Хорнетси доминираше Тери Розир со 18 поени, по 16 постигнаа Гордон Хејворд и Пи Џеј Вашингтон.

НБА, резултати –

Шарлот Хорнетс-Далас Маверикс 93:104
Детроит Пистонс-Милвоки Бакс 101:110
Вашингтон Визардс-Јута Џез (одложено)
Њујорк Никс-Бруклин Нетс 109:116
Минесота Тимбервулвс-Оклахома Сити Тандер 107:118
Оклахома Сити Тандер-Лос Анџелес Лејкерс 99:128
Феникс Санс-Атланта Хокс (одложено)
Лос Анџелес Клиперс-Њу Орлеанс Пеликанс 111:106
Сакраменто Кингс-Портланд Трејл Блејзерс 126:132

Табела, Источна конференција:
1.Бостон Селтикс 7-3
2.Милвоки Бакс 8-4
3.Филаделфија Сиксерс 8-4

Табела, Западна конференција:
1.Лос Анџелес Лејкерс 10-3
2.Лос Анџелес Клиперс 8-4
3.Феникс Санс 7-4