Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број запишани студенти, за студии по здравство и социјална заштита се определиле 13.371 лице, од кои дури 10.011 жени, а 3.360 мажи. Понатаму, втори по интерес се студиите за бизнис, администрација и право – 10.839, по што следат Информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) со запишани 8.875 студенти.

Најголем број студенти, 76,8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23,2 отсто се запишале на приватните високообразовни установи, соопшти Државниот завод за статистика.