Црвена Звезда и Милан одиграа 2:2 во четвртокот во првиот меч од шеснаесетфиналето од Лига европа. Иако немаше навивачи на трибините, сепак се слушна од ложата на тимот од Белград како некој го навредува Златан Ибрахимовиќ на верска и национална основа.
Ова предизвика бура реакции и пред се се постави прашањето, ако немало публика кој навредувал.
Претседателот на Синдикатот на професионални фудбалери Мирко Поледица е разочаран од овие навреди.
-Се чувствувам засрамено и чуствувам срам поради оваа стока која не посрамоти и го навредуваше Ибрахимовиќ на верска основа. На таквите местото не им е на стадионите и лесно можат да се идентификуваат. Златан е одлично момче и голем пријател со сите ирачи од овие простори, порача Поледица.
Се претпоставува дека некои од најжестоките навивачи на Звезда успеале да се најдат на стадионот и да седнат во ложата иако мечот поради коронавирусот се одигра без присуство на публика.
Osećam se postiđeno i osećam sramotu zbog ove stoke koja nas je osramotila i vređala na verskoj osnovi Zlatana Ibrahimovića.
Takvima nije mesto na stadionima i lako se mogu identifikovati. Zlatan je sjajan momak i veliki prijatelj svim igračima sa ovih prostora… pic.twitter.com/LlWCj9Kdh1
— Mirko Poledica (@MikiP78) February 18, 2021
loading…