Партизан во Белград синоќа го совлада Вардар со 28:22 во СЕХА лигата. Сепак, резултатот за македонската јавност падна во втор план, поради недоличното однесување на навивачите на Партизан на овој меч, популарните „Гробари“.

Имено, тие на трибите развиорија грчко знаме како провокација, а потоа следуваа скандирања како што се: Стара Србија, никогаш Македонија. Гоце Делчев е Бугарин и слично.

Воедно „Гробари“ истакнаа и транспарент на кој пишуваше: Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“, стоеше на паролата на Гробари.

Транспарент имаа и „Комити“ на кој пишуваше „Живо ви е кралството, исто колку и другарството“