Се погласни се гласините дека Ромелу Лукаку ова лето би можел да го напушти тимот на Интер.
Гласините дека најдобриот стрелец на Интер од минатата сезона би можел да замине од Меаце, кренаа вистински аларм кај навивачите на овој клуб.
Најжестоките поддржувачи на Нероаѕурите закачија транспарент пред просториите на клубот, упатен до водечките луѓе на Интер.
„Компанијата, вниманието, ветувањата мора да се исполнат …“, пишуваше на тој транспарент.
Медиумите веќе на големо пишуваат дека Челзи е подготвен да го врати одличниот Белгиец во своите редови и со тоа да му даде шанса по неуспешната прва епизода што ја имаше во клубот од Стемфорд Бриџ.
Играше за лондонскиот клуб во периодот од 2011 до 2014 година, и речиси и не доби можност да игра.
#Lukaku via dall’ #Inter ? La Curva Nord non ci sta: ‘Società, attenzione. Le promesse vanno mantenute’ FOTO https://t.co/p0jggMXK2p pic.twitter.com/oNwdIZkSIx
— calciomercato.com (@cmdotcom) August 4, 2021
На Белгиецот му беше понудена плата од 12 милиони евра нето по сезона со дополнителни бонуси во зависност од перформансите што ќе ги има во синиот дрес.
Доколку остане без Лукаку, Интер ќе се обиде да го ангажира Тобако Запата од Аталанта или играчот на Лацио, Хоакин Кореу, како негова замена.
Ромелу Лукаку пристигна во Интер пред две години. Постигна нереални 64 голови на 95 официјални натпревари, а со своите одлични игри, тој беше еден од клучните фактори во титулата што Интер ја освои минатата сезона.