На 10 декември, околу 18:45 часот, на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привеле П.Н. (20), Н.А. (24) и Д.М. (24), сите од Скопје.
При влегување на навивачка група од Скопје на ракометен натпревар бил нарушен јавниот ред и мир, при што тројцата физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Подоцна, во 19:20 часот, на истиот влез, полициски службеници го привеле и Н.Ѓ. (34) од Битола поради агресивно однесување и повикување на насилство, со што исто така го нарушил јавниот ред и мир.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против сите инволвирани лица.
Текстот Навивачи нападнале полицајци на влезот во спортската сала во Битола е превземен од МАКФАКС.






















