На видеата објавени на социјалните мрежи може да се види како полицијата ја носи опозициската политичарка Љубов Собол од терминалот на аеродромот Внуково, објави Ројтерс.
Рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални ја напушти Германија, каде се лекуваше поради наводно труење, за да се врати во Русија, каде му се заканува затворска казна.
На Навални од Москва му беше кажано дека ако не се врати во Русија до 30 декември, ќе биде уапсен бидејќи не ја издржал затворската казна до крај.