Адвокатот на Алексеј Навални потврди дека рускиот опозициски лидер е „сериозно болен“ откако се појавија извештаи дека бил пренесен на одделот во затворската болница поради респираторна болест и дека бил тестиран за коронавирусот и други болести.
Адвокатот на Навални, Олга Михаилова, рече дека член на неговиот правен тим денес го видел рускот опозиционер и дека тој е „во прилично лоша состојба“.
Навални минатата недела најави штрајк со глад затоа што, како што вели, му била забранета посетата на личниот лекар што го барал поради зголемена вкочанетост и болка во грбот и нозете, што му отежнувало да оди, пренесува Гардијан .
Како што се наведува, нема официјални потврди за третманот на Навални.
Во писмото што им го испрати на адвокатите во понеделникот, Навални изјави дека има температура од 38,1 и дека тројца од неговите 15 цимери во затворот, наводно, заболеле од туберкулоза.
Тој во моментов отслужува две и пол години затвор под обвинение за проневера, за која рече дека се одмазди за неговото политичко спротивставување на рускиот претседател Владимир Путин.
Руската полиција го чува влезот на затворскиот оддел каде се наоѓа Алексеј Навални, пред најавените протести за негова поддршка, кои се планирани за денес.