Рускиот опозиционер Алексеј Навални на социјалните мрежи објави дека ќе се врати во Русија на 17 јануари.
„Никогаш не се поставуваше прашањето дали да се вратам или не. Едноставно затоа што дури и не заминав. Се најдов во Германија, затоа што дојдов во кутија за реанимација“, објасни Навални на Твитер.
– Advertisement –
Навални се лекува во Германија од 22 август, откако се соочи со акутно труење.
Ова не е прв пат Навални да објави дека ќе се врати во Русија, веднаш штом лекарите ќе му дозволат. Портпарол на Кремљ постојано повторуваше дека Навални, како државјанин на Русија, може да се врати дома кога сака.