Аронијата е многу популарно овошје во последните години, а ја нарекуваат и суперхрана поради многубројните здравствени придобивки.

Овие сочни, вкусни бобинки содржат завидно ниво на минерали, витамини и влакна, а во исто време се нискокалорични – имаат само 50 калории на 100 грама.

Честото консумирање на аронија е поврзано со бројни благотворни ефекти по здравјето на луѓето – спречува дијабетес, ја подобрува циркулацијата на крвта, ги зајакнува крвните садови, го зајакнува имунитетот, помага за одржување на нормален крвен притисок итн. Придобивките од ова овошје се огромни!

Интересно е што во една студија од 2014 година, научниците откриле дека аронијата може да влијае и на слабеењето, односно на детоксикација на телото и елиминација на целулитот.

Имено, во истражувањето биле вклучени 19 жени кои биле на возраст меѓу 25 и 48 години, а сите консумирале по 100 мл сок од аронија секој ден во текот на 90 дена. Резултатите покажаа дека веќе по 45 дена има видливо намалување на целулитот. Одлична вест, нели?

Доколку сакате да го испробате овој метод, ви носиме рецепт за пијалок од аронија и цвекло – овие две намирници во симбиоза се особено моќни.

Потребни состојки:

2 лажици свежо исцеден сок од аронија

0,5 децилитри сок од цвекло

0,5 децилитри минерална вода

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки и пијте го напитокот во текот на денот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.