Aко синоќа се вртевте во кревет или не можевте да заспиете, можеби виновникот е првата полна месечина во 2021 година.

Со векови се водеше жестока дебата на оваа тема. И додека некои се убедени дека влијанието на месечината е само мит, други не можат да го игнорираат.

Студијата објавена во списанието „Science Advances“ покажа дека луѓето на полна месечина си легнуваат подоцна, или спијат помалку. 

Во просек, учесниците во студијата за време на полната месечина заспаа 30 минути подоцна од вообичаено и спиеја 50 минути помалку од другите денови“, вели професорот Хорасио де ла Иглесија од Универзитетот во Вашингтон.

unsplash

Тој го објаснува ефектот на полна месечина како влијание на „зголемена светлина“ врз нашиот деноноќен ритам – биолошкиот ритам на една личност што ги одредува моделите на спиење во период од 24 часа.

Исто така, беше откриено дека полната месечина има најголемо влијание врз луѓето кои веќе страдаат од проблеми со спиењето и ним во просек им требало 9% повеќе време за да заспијат, а „изгубиле“ 7% од сонот во однос на „нормалните“ денови.

Студија на Универзитетот во Базел, Швајцарија покажа дека за време на полна месечина, производството на мелатонин во организмот се намалува. А, мелатонинот е хормон кој е одговорен за здрав циклус на спиење.

unsplash

Д-р Силивја Фрај верува дека месечината влијае на исконските гени кои не ни дозволуваат да спиеме. Овие гени, вели таа, биле клучни за опстанокот на нашите предци кои живееле во пештери и кои често биле мета на опасни животни кои ја користеле полнате месечина за лов. Затоа праисториските луѓе за време на полна месечина речиси и не спиеле.

Психијатарот Адам Фицпатрик вели дека често се случува луѓето под влијание на полната месечина да не се „целосно свои“.

Во пракса, забележав дека во тој период доаѓа до повеќе проблеми во меѓучовечките односи, без оглед дали станува збор за комуникација или емоции. За време на полната месечина, луѓето стануваат поемотивни, имаат поголеми барања и им е потешко да ги контролираат своите чувства и постапки“, објаснува Фицпатрик.