Џејкоб Вајли, натурализираниот Македонец, односно македонски репрезентативец се најде во најдобрата петорка во последното коло од квалификациите за пласман на ЕП. Против Естонија, тој постигна 18 поени, 14 скока и три блокади и беше иницијатор на пресвртот во второто полувреме откако по 20 минути игра противникот имаше предност од 11 разлика. Сепак за жал Македонија не победи со потребната кош разлика од 10 поени, па и со две победи остана без Европско. Мечот заврши со победа на Македонија против Естонија со 86:84.