Министрите за надворешни работи на НАТО ќе одржат итни разговори в петок во Брисел за руската инвазија на Украина, се вели во соопштението на Алијансата.
Сојузниците на НАТО побрзаа да го засилат своето источно крило откако рускиот претседател Владимир Путин го нареди нападот врз Украина, но остануваат цврсти на одлуката дека нема да се вклучат воено во војната во Украина, што не е членка на НАТО.