Министерството за надворешни работи информира дека на 28 и 29 Април 2022 година, во Скопје, ќе се одржи неформален состанок на Директорите за политичкo – безбедносни прашања на сојузните Министерства за надворешни работи на НАТО. Со состанокот ќе претседава помошничката на генералниот Секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, г-ѓа Бетина Каденбах. На состанокот, исто така ќе учествуваат и високи претставници на Европската Унија.
На првата работна сесија на состанокот, посветена на Западен Балкан е предвидено свое обраќање да има и Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи.
Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, по зачленувањето на земјата во НАТО за прв пат е домаќин на еден ваков настан, на кој учествуваат високи гости од сите земји – сојузнички.
Одржувањето на состанокот на Директорите за политичкo – безбедносни прашања на сојузните Министерства за надворешни работи на НАТО во Скопје е уште еден доказ за стратешкото значење на Регионот за Северно – Атлантскиот Сојуз.