„Севкупно, хибридниот имунитет кон САРС-КоВ-2 се чини дека е импресивно моќен“напиша Кроти во коментар во Саенс во јуни.

Во текот на изминатите неколку месеци, серија студии покажаа дека некои луѓе градат исклучително силен имунолошки одговор против САРС-КоВ-2. Нивниот организам произведува многу високо ниво антитела, но тие прават и антитела со голема флексибилност – најверојатно способни за борба против соевите на коронавирусот што кружат во светот, но исто така најверојатно ефикасни и против соевите што може да се појават во иднина.

Разумно може да се предвиди дека овие луѓе ќе бидат добро заштитени од повеќето, а можеби и од сите соеви на САРС-КоВ-2 што најверојатно ќе ги видиме во блиска иднина, вели Пол Биенијас, виролог на Универзитетот Рокфелер, кој помогнал во неколку од овие студии.

Значи, кој е способен да го изгради овој „натчовечки“ или „хибриден“ имунолошки одговор?

Луѓето што имале „хибридна“ изложеност на вирусот. Поточно, тие биле заразени со коронавирусот во 2020 година, а потоа биле имунизирани со иРНК-вакцини оваа година.

Тие луѓе имаат неверојатен одговор на вакцината. Мислам дека тие се во најдобра позиција за борба против вирусот. Антителата во крвта на овие луѓе можат дури и да го неутрализираат САРС-КоВ-1, првиот коронавирус, кој се појави пред 20 години. Тој вирус е многу, многу различен од САРС-КоВ-2, вели вирусологот Теодора Хаџијоану од Универзитетот Рокфелер.

Антителата од луѓе што биле само вакцинирани или што имале само претходни инфекции со коронавирус, во суштина биле бескорисни против овој мутантен вирус. Но антителата кај луѓето со „хибриден имунитет“ можеле да го неутрализираат.


Повеќе на МКД.мк

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.