Роденденот на Меган Маркл наводно кажува многу за нејзината личност.

Од желбата за внимание па сѐ до траумата која влече поради нарушените семејни односи – во текот на последните неколку години, многу медиуми и кралски експерти ја анализираа и коментираа Меган Маркл, поранешната актерка која сега е во брак со британскиот принц Хари.

Фактот дека 36-годишниот син на трагично загинатата принцеза Дијана, палатата каде што го помина целиот свој живот, одлучи да ја замени со имот во Америка, а сè со цел, на неговата три години постара сопруга, двегодишниот син Арчи, но и на ќерката која треба да се роди наскоро, да им овозможи нормален живот, во никој случај не ѝ одеше во прилог на поранешната sвезда на серијата „Костуми“ која јавноста не престанува да ја критикува и обвинува за уништување на кралскиот семејство.

Но, ако им се верува на зборовите на астрологот Тереза ​​Чеунг, која за „Глоуб“ ја објасни наталната карта на 39-годишната војвотка од Сасекс, причината за контроверзното однесување на Меган, всушност, лежи во датумот на нејзиното раѓање.

– Вашиот роденден го содржи клучот на вашата личност и потенцијал. Секој има избор за тоа како да го изрази својот потенцијал, па така и две лица кои родени во ист ден никогаш нема да бидат сосема исти – изјавила Чеунг за спомнатиот медиум, а потоа го објаснила датумот на раѓање на Меган.

Луѓето родени на 4 август имаат силна несклоност кон воздржувањето и обично сакаат сериозно да го оспорат статус кво, а тоа е многу веројатно причината и зошто Меган предизвика и продолжува да предизвикува толку многу тензии во кралското семејство. Принцот Хари, од друга страна, е Девица според Зодијакот, роден на 15 септември. Тој има чисти, невини и доверливи квалитети. Бројот на раѓање на војводата од Сасекс исто така покажува и сочувство – објаснила астрологот Тереза и додала дека привлечноста на принцот Хари кон Меган произлегува од неговата желба или потреба да се изгуби во друга личност.