Screenshot

Во бугарската болница за итна помош Пирогов веќе се сместени настрадани од пожарот во дискотеката ,,Пулс” од Кочани, јавува БГНЕС.

Бугарија го испрати својот воен авион Спартан и со него во земјата пристигнаа 8 од надтраданите лица. Петмина од нив се сместени во Пирогов а останатите тројца ќе бидат сместени во болницата во Варна.

Уште петмина настрадани во тешка состојба и со апарат на вентилација се очекува да бидат транспортирани подоцна со амбулантни возила , тројца од нив ќе бидат сместени во пловдивската болница ,,Св.Ѓорѓи” а двајца ќе бидат лекувани во Пирогов во Софија.