Наставникот кој малтретираше ученик во О.У Панајот Гиновски во скопски Бутел, денеска не е на работа, но засега нема добиено ниту отказно решение, јавува ТВ 24.
Директорката на училиштето вели за ТВ 24 дека веќе се формира дисциплинска комисија која ќе одлучува како ќе постапи со вработениот, но не се знае кога ќе ја имаат конечната одлука.
Таа додава дека државниот просветен инспекторат веќе го посетил училиштето и дека се обезбедени сите информации кои ги побарале инспекторите. Од инспекторатот велат дека е отворен предмет, инспекторите извршиле надзор, а во текот на утрешниот ден ќе има информации што констатирале.