Денеска се одбележува Денот на  жената, како и секоја година владее еуфорија во училиштата и градинките.

Децата собираат пари за подароци за наставниците, но една од наставничкa од Србија, ја доби „титулата“ за најдобра. Во групата која ја има со родителите на децата на кои им предава, напишала порака која никого не оставила рамнодушен.

Една мајка објави порака на социјалната мрежа „Х“, поранешен Твитер, со опис „наставничка на годината“.

„Знам дека има еуфорија околу Денот на жената. Така е и со моите деца во градинка и училиште. Ја користам оваа прилика да ве замолам парите наменети за подарокот да ги уплатите на сметката на Ивана од Пејовац. Имам се. Нема подарок кој што мене ми е повеќе потребен, отколку на неа и нејзиното дете да оздрави. Ги сакам вашите деца и мојата работа и без подарок. Ништо нема да да го промени мојот однос кон работата. Уште еднаш би ве замолила подарокот да го уплатите на Ивана“, им напишала наставничката на родителите на децата.

Која е Ивана што ја спомнува наставничката?

На Ивана и беше дијагностицирана мултиплекс склероза уште во 2008 година. Првите потешкотии ги почувствувала во 2005 година во вид на вкочанетост на левата страна од телото и слабост на десното око. Неколкупати била хоспитализирана на невролошкиот оддел на ОБ Крушевац поради постојано влошување на основната болест во вид на слабост на нозете, влошување на одењето и видот. Таа била третирана со кортикостероиди, користејќи пулсна терапија, која со текот на времето престанала да ги дава посакуваните резултати. Поради релапс на болеста, Ивана тешко се движи со помош на помагала, а со оглед на тоа дека е мајка на малолетно девојче, затоа се чувствува многу тешко поради состојбата во која се наоѓа. Ивана се надева дека ќе ја подобри нејзината здравствена состојба со третманот со матични клетки, кој се спроведува во клиника во Москва, со помош на терапија со ХСЦТ, која даде голем успех во лекувањето на оваа болест. Таа добила позитивен одговор од оваа клиника, но терапијата и лекувањето бараат големи трошоци, па Ивана ги замолува сите луѓе со добра волја да и помогнат со своите донации, за да се соберат парите потребни за лекување, бидејќи во спротивно постои голема можност таа да остане врзана за инвалидска количка.

Превземено од Мондо.рс