Настапот на Џони Кеш во затворот Фолсом стана славен, а снимката беше објавена и како албум и постигна милионски тираж…
На 13-ти јануари 1968-та година Кеш свиреше во живо во тој американски затвор. Станува збор за установа сместена во американската сојузна држава Калифорнија и тоа на само 30-ина километри од калифорнискиот главен град Сакраменто.
Интересно е тоа што Џони Кеш песната „Folsom Prison Blues“ ја напиша и сними уште во 1955 година односно речиси 13 години порано.
Инспирацијата ја добил откaко како припадник на американските сили во Германија го гледал филмот „Inside the Walls of Folsom Prison“. Песната „Folsom Prison Blues“ стана популарна меѓу затворениците, па така тој потоа постојано настапуваше во затворите, пренесува „Headliner“.
И навистина, пред да настапи во затворот Фолсом на денешен ден пред 53 години, тој ги изведуваше своите песни и во други затвори, но токму настапот во Фолсом стана светски популарен. Кеш истот ден одржа два концерти во тој затвор, еден наутро, а другиот попладне. Голем дел од песните кои ги изведуваше имаа врска со затворскиот живот. Нормално, и на двата концерти првата песна која ја изведувал била „Folsom Prison Blues“.