Мал пожар избувнал денеска во Министерството за култура, според соопштението од оваа институција, и бил изгаснат веднаш од вработените со ПП апарат, а според протоколите за работа сите биле евакуирани навремено.

-Беше повикана Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на причините за пожарот и евентуално причинетата штета, наведува во соопштение Министерството за култура.

Оттаму посочуваат дека кога ќе имаат дополнителни информирмации, ќе ја информираат јавност