Редакцијата на „Види Вака“ на социјалните мрежи објави видео со кое го најави документарниот филм „Победници“, кој ќе биде посветен на селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски-Мрме. Секако овој филм е посветен и на ѕвездената генерација на фудбалери кои за прв пат во историјата успеаја да ја однесат Македонија на едно европско фудбалско првенство. Датумот на објавувањето не е познат, само се знае дека тоа ќе биде наскоро.
