
Предвидовме започнување активности со кои ќе им се овозможи поддршка на „зелените финансии“ во рамките на остварувањето на нашите основни цели. За таа цел, се планира поттикнување и развој на истражувачката активност во областа на „зелените финансии“, како сфера којашто треба да се вгради во приоритетите на секоја општествено одговорна институција, а заради придонес кон создавањето „зелена“ и одржлива економија, што во крајна линија би обезбедило повисок животен стандард и унапредување на квалитетот на животот за граѓаните.
Ова, како што соопшти Народната банка, го истакнала гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за порталот „Банкарство.мк“.
– Advertisement –