Народна банка го запленува недоизградениот хотел на градежниот гигант „Бетон“ зад палатата на ВМРО-ДПМНЕ во строгиот центар на Скопје. Во постапката е вклучен извршител и деловна банка-ремитент, пишува порталот Фактор.

Станува збор за заплена на стоотстотниот удел на АД Бетон кој го има во филијалата Бетон Хотели, во која припаѓа и недоизградениот хотел. Во одговорот кој го добивме од централната банка се вели дека во поширокиот имот кој се запленува, тие се само еден од доверителите.

Народна банка ги запленува и стоотстотните удели кои АД Бетон ги има во подружниците Бетон Агрегати, Бетон – Про, Бетон Каменолом и Бетон Рудник. Од НЛБ Банка, која во случајов е доверител-ремитент, ни одговорија дека по завршувањето на постапката, целиот овој имот ќе има нов сопственик.

Повеќе на Фактор.мк