Повозрасните често патат од артритис, а во некои сериозни случаи оваа болест влијае и на нивната способност за движење. Болката и вкочанетоста на зглобовите се заеднички симптоми на различни типови артритис, а една билка која често ја користиме како зачин и тоа како може да помогне.

Ловоровиот лист има лековити својства, а едно од нив е дека помага при болки. Доколку се примени во вид на масло на кожата може да го ублажи воспалението во пределот на загрозените зглобови.

Се советува една лесна масажа кај зглобовите со масло од ловоров лист или топла облога од ловоров чај. Доволно е пет-шест чистови да натопите во вода и да оставите да отстои околу еден час. Натопете ги облогите од газа во овој чај, исцедете и држете на болните места околу половина час. Повторете два до три пати дневно.

Маслото од ловоров лист помага и кај другите болки, на пример, главоболка, болка во мускулите, како и кај болните и проширени вени. Можете да го направите и сами, така што ќе натопите една рака ловоров лист во маслиново масло и оставете да отстои на темно место, заштитено од високите температури.

Не заборавајте дека и исхраната влијае на тегобите од артритис. Нутриционистите советуваат дека да се избегнуваат намирници како што се доматите, компирот и пиперките, затоа што можат да го зголемат воспалението на зглобовите. Исто така, треба да се избегнува и рафиниран шеќер, сол и алкохол. Најдобра е медитеранската исхрана, заснована на интегрални житарици, риба, зеленчук, овошје и незаситени масни киселини.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.