Утрово во центарот на Тирана е убиен 66-годишен маж, за кој медиумите наведуваат дека станува збор за познат нарко бос.
Тој бил застрелан со пригушувач на звук, а според АБЦ Албанија, тоа е Бехар Суло кој ѝ е добро познат на полицијата по своите криминални активности.
– Advertisement –
Суло беше уапсен пред неколку години за шверц на десетици килограми дрога од Турција во Албанија, а беше инволвиран и во инцидент во Драч во 2009 година, во кој беа убиени четворица полицајци.
Полицијата тврди дека неговото убиство било добро организирано и се претпоставува дека убијците пукале од автомобил во движење.
Истрагата е во тек, а полицијата ги разгледува камерите за надзор поставени во областа каде што е убиен.