Странските медиуми јавуваат дека браната на реката Рур во Германија напукнала под притисок на надојдените води, но големината на штетата засега не е позната, пренесува Си-Ен-Ен. Жителите се обидуваат да го спречат најлошото со вреќи со песок.

Advertisements

Тоа е помала брана во близина на границата со Холандија, а Германците се плашат дека под притисок на надојдената вода би можело да се урне уште една, поголема брана, исто така на реката Рур, што би предизвикало катастрофа од незамисливи размери во овој дел од земјата.

Прикажи повеќе