Ова попладне уживајте во ова вкусно и лесно колаче кое го носи името „Маџарица“, веруваме дека ќе ви се допадне…

СОСТОЈКИ:

За корите:

– 600 г брашно (остро и меко брашно мешано)
– 200 г шеќер
– 50 г путер
– 400 г кисела павлака
– 1 лажица прашок за печиво
– млеко по потреба

За филот:

– 750 мл млеко
– 250 г шеќер
– 3-4 лажици брашно
– 60 грама какао
– 1 путер

Подготовка:

Замесете меко тесто од состојките и поделете го на шест дела, па секој од нив и сукајте го во тенка кора, со големина на плехот во кој ќе ја печете. Ставете ја на долната страна од плехот (превртен на наопаку и подмачкан со масло). Печете ја на 180-200 степени, додека малку добие боја, само внимавајте да се препечат. Повторете ја постапката за секоја кора.

За филот сварете 500 мл млеко со 250 гр шеќер, а настрана 250 мл млеко соединете го со какаото, брашното и додајте ја оваа смеса во зовриенето млеко. Варете како пудинг додека згусне. Кога ќе се излади малку додајте му го путерот и измешајте да се соедини. Исфилувајте ги корите и на крај полејте со топено чоколадо.