Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се 90 оздравени пациент. Пријавени се вкупно 10 починати лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.