Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.007 тестирања, а регистрирани се 43 нови случаи на КОВИД-1.
Регистрирани се 48 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 6 починати лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070.