Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.825 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД 19. Регистрирани се 332 оздравени пациент. Со ова бројката на активни случаи падна на 670, што е најниско ниво по повеќе од една година. За жал и денеска се регистрирани починати, вкупно 7. Од почетокот на пандемијата бројот на жртви кај нас се достигна 5.455.