Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се 245 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 14 починати лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636.