Во последните 24 часа направени се 1.876 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 99 Велес и Кочани – по 14 Кавадарци – 12 Штип – 11 Свети Николе – 8 Куманово – 6 Охрид – 5 Струмица – 4 Прилеп, Виница и Пробиштип – по 2 Гостивар, Гевгелија, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (53г, 75г, 79г, 79г, и 79г), по едно починато лице од Куманово (73г), Кочани (90г), Велес (83г), Прилеп (70г), Свети Николе (63г), Охрид (78г) и Крива Паланка (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 29.09.2021 до 03.10.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Струмица и Гевгелија, навозраст од 69 до 86 години. Од пријавените лица еден е починат во болнички условиа 2 лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 523 оздравени пациенти од: Скопје – 153 Охрид – 98 Струга – 73 Куманово – 28 Кочани – 19 Велес и Штип – по 18 Тетово – 17 Кичево – 14 Кавадарци – 13 Битола – 12 Струмица – 10 Свети Николе – 7 Прилеп, Гостивар и Крива Паланка – по 5 Пробиштип, Берово и Валандово – по 4 Виница, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 3 Неготино, Ресен, Дебар и Делчево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.301.702 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.654 бројката на оздравени пациенти е 174.148, на починати е 6.719, а бројот на активни случаи изнесува 11.787.