Лучиано Спалети почна со убедлива победа на клупата на Наполи. Се разбира, станува збор за пријателска средба против нисколигашот Баса Анануниа, кои го совладаа со 12:0, а на полувреме беше 7:0. Овој противник не е вистинско мерило, но мечот само беше како тренинг натппревар за оние кои што се приклучија на подготовките, со оглед на тоа дека Спалети се уште го нема комплетниот состав.

А, на подготовките е и нашиот Елиф Елмас. Токму тој по само четири минути игра го отвори резултатот, а потоа листата на стрелците се зголемуваше како одминуваше времето.

Елиф Елмас не се изнаигра кај Џенаро Гатузо, а да се надеваме дека ќе го убеди Лучиано Спалети во неговите квалитети и дека оваа сезона ќе добива поголема минутажа и ќе биде стартер.