Интер по пауза од 11 години освои шампионска титула во Инталија, а еден од заслужните е напаѓачот Лаутаро Мартинез. Овој 23-годишен Аргентинец одигра солидна сезона и со 15 голови е втор стрелец во тимот зад Лукаку со 21.

Но, Лаутаро сега признава дека бил на чекор до Барселона. Се било договорено, но трансферот одедаш пропаднал.

-Беше навистина блиску да се реализира, но на крајот останав во Интер поради тешката финансиска ситуација во Барселона која практично не можеше да го реализира трансферот. Се покажа добра одлука што останав, бидејќи освоив Скудето, вели Лаутаро Мартинез.

Го прашаа дали го контактирал Лионел Меси.

-Ме праша само како течат преговорите, ништо повеќе. Навистина беше добра прилика, но поради некои ситни детали трансферот не успеа, вели Аргентиенцот.

Мартинез воедно откри дека уште кога настапувал во Расинг, Аргентина, два пати му се јавувале од Реал Мадрид за трансфер, но како што вели одбивал да дојде во Европа, бидејќи сакал прво да се докаже и да создаде име во Аргентина.