Во полицијата во Скопје биле пријавени два одделни инцидента на физички напади врз малолетни лица што се случиле во петокот, 31 октомври.

Во првиот случај, 36-годишна скопјанка пријавила дека околу 18:30 часот, на подрачјето на општина Центар, нејзиниот 15-годишен син и 14-годишната ќерка биле физички нападнати од непознат маж.

Неколку часа подоцна, во 21 часот, во полицијата се обратила и 57-годишна жена од Скопје, која пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка била нападната околу 15 часот во општина Аеродром од три малолетнички што ги познавала, од кои едната користела тврд предмет.

За вториот случај е известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за расчистување и на двата инцидента.

Текстот Нападнати деца во Центар и Аеродром, полицијата работи на случаите е превземен од МАКФАКС.